Хорор на улиците на Вашингтон: Маж се самозапали за време на пропалестински демонстрации

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Маж се самозапали во Вашингтон, на плоштадот „Black Lives Matter“ за време на мирните пропалестински демонстрации по повод годишнината од нападот на Хамас врз Израел што доведе до војната во Појасот Газа.

Благодарение на брзата интервенција на полицијата пожарот е изгаснат, пишува Вашингтон пост.

Неколку полицајци истрчале да му помогнат на човекот, а присутните демонстранти се обиделе да му пријдат и да му помогнат.

Полицајците ја блокираа областа откако го изгаснаа пожарот, а мажот кој се запали беше пренесен во болница каде што му беше укажана помош поради повреди кои не се опасни по живот, изјави началникот на полицијата во Вашингтон, Памела А. Смит.

Слични содржини