Катастрофа за Реал – повреден и Винисиус

од Nikola Popovski
30 прегледи

Напаѓачот на БРАЗИЛ, Винисиус ќе ги пропушти квалификациите за Светското првенство против Чиле и Перу поради повреда на вратот, соопшти во неделата бразилската ФА. Винисиус заработи повреда на вратот за време на победата на Реал Мадрид на домашен терен против Виљареал во саботата (2:0), а на негово место е повикан играчот од средниот ред на Фулам, Андреас Переира, се вели во соопштението.

Ова е катастрофална вест и за Реал Мадрид бидејќи на истиот натпревар се повреди како и легендарниот десен бек Дани Карвахал. 32-годишниот шпански репрезентативец сигурно ќе има подолга пауза откако го повреди коленото на дуелот со играчот на Виљареал, Јереми Пино.

Повредата на Винисиус ги зголемува проблемите на бразилскиот селектор Доривал Жуниор, бидејќи тој веќе беше принуден да ги повика Лукас Бералдо од Пари Сен Жермен, Вевертон од Палмеирас и Алекс Телес од Ботафого да го заменат повредениот Бремер од Јувентус, Алисон од Ливерпул и Гиљерме Арано од Атлетико Минеиро.

Бразил е само петти во квалификациите за СП со 10 бода по осум одиграни натпревари. Најпрвин на 10 октомври ќе играат во Сантијаго со Чиле, а пет дена подоцна ќе му гостуваат на Перу во Бразилија. Првите шест од 10-те репрезентации директно се квалификуваат на Светското првенство.

Слични содржини