Фицо: Сè додека сум на власт, Украина нема да влезе во НАТО!

од Nikola Popovski
62 прегледи

„Се додека сум на чело на словачката влада, ќе им наложам на пратениците кои се под моја контрола како претседател (на владејачката партија Смер) никогаш да не се согласат Украина да влезе во НАТО“, изјавил словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесува „Политико“.

Фицо претходно изјавил дека мисли дека следната година ќе отпатува за Москва за да присуствува на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Дополнително, тој посочил дека, доколку војната во Украина заврши за време на неговиот мандат, има намера да направи се за да ги обнови стандардните и економските врски со Русија, нагласувајќи дека „на Европската унија ѝ треба Русија и на Русија ѝ е потребна Европската унија“.

Заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фицо постојано укажуваш на потребата од прекин на огнот во Украина и почеток на мировни преговори со кои ќе се стави крај на војната.

Орбан ги посети Киев и Москва оваа година и исто така го опиша своето патување како „мировна мисија“.

Слични содржини