Младите ќе можат да здивнат: Мицкоски ветува таблети како клуч за успехот на новите генерации

од Илинка Илиоска
107 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави планови за нови проекти насочени кон младите, истакнувајќи дека тие се клучот за иднината на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има намера да спроведе неколку значајни иницијативи во оваа насока.

Во новиот буџет е предвидена поддршка од 250 евра за секој студент за набавка на електронски уреди, како дел од заложбата на партијата за унапредување на образованието.

Дополнително, ќе се формира фонд од 10 милиони евра за млади претприемачи на возраст од 18 до 29 години. Овие средства ќе се доделуваат врз основа на специфични бизнис планови, а процесот на селекција и распределба ќе биде надгледуван од комисија со претставници од различни институции. Поддршката по проект ќе се движи од 1.000 до 30.000 евра.

„Веруваме во капацитетите на нашите млади, и затоа спроведуваме вакви мерки. Овие иницијативи ќе придонесат кон подобра иднина за Македонија,“ рече Мицкоски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Со овие проекти, партијата ја нагласува својата заложба за развој на државата преку поддршка на младите генерации.

Слични содржини