Американски пензионер (72) и поранешен маринец осуден на затворска казна во Русија

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Московскиот градски суд го осуди американскиот пензионер Стефан Хабард на шест години и 10 месеци затвор во општа режимска колонија обвинет за платеничка активност за учество во воениот конфликт со Русија на страната на Украина.

– Хабард е прогласен за виновен за сторено кривично дело од член 359 од Кривичниот законик на Руската Федерација, и го осудува на шест години и 10 месеци затвор во општа режимска колонија – објави судијката Александра Ковалевскаја, пренесе РИА Новости.

Главниот дел од судењето претходно се одржуваше зад затворени врати.

Хабард (72) е пензиониран родум од Мичиген, а живее во Украина од 2014 година.

Како што произлегува од податоците претходно објавени во судот, тој во февруари 2022 година склучил договор со борбената територијална одбрана на градот Изум (воена единица под надлежност на Министерството за одбрана на Украина) за плата од најмалку 1.000 долари месечно.

Бил обучуван, му дале оружје и муниција, а до април 2022 година служел и „учествувал во вооружен конфликт“ додека на 2 април не бил приведен од руски војник.

Хабард се изјасни за виновен.

Истовремено, Централниот окружен суд во Воронеж го осуди американскиот државјанин Роберт Гилман, кој повеќепати употребил сила против полицајците, на седум години и еден месец во колонија за максимална безбедност за извршените „злосторства“.

– Гилман Роберт е осуден на седум години и еден месец затвор, која ќе ја одлежи во казнена колонија со високо обезбедување – изјави судијката Ирина Саприкина.

Гилман е поранешен американски маринец.

Слични содржини