Бонучи: Гвардиола ме сакаше во Сити, а јас го избрав Милан

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација и Јувентус, Леонардо Бонучи, откри дека имал понуда да премине во Манчестер Сити во Англија.

„Кога решив да го напуштам Јувентус во 2017 година, Манчестер Сити и ПСЖ ме бараа. Тие ги испратија своите финансиски понуди, но јас сакав да останам во Италија и решив да се приклучам на Милан. Гвардиола ме сакаше во Манчестер Сити уште во летото 2016 година, изјави Бонучи, цитиран од Sky Sports.

Бонучи го напушти Јувентус во 2017 година за Милан. Една година подоцна, дефанзивецот се врати во клубот од Торино.

Слични содржини