Фудбалскиот свет во тага: Почина еден од најголемите играчи на 20.век!

од Nikola Popovski
29 прегледи

Фудбалскиот свет тагува, на 73-годишна возраст почина легендарниот Јохан Нескенс.

Без сомнение, Јохан важи за еден од најголемите фудбалери на дваесеттиот век. Заедно со Јохан Кројф беше дел од Ајакс кој на почетокот на 70-тите години освои три европски купа, а остави голема трага и во Барселона.

За холандската репрезентација одигра 49 натпревари и со својата селекција двапати по ред стигна до финалето на Светското првенство, прво во 1974 година, а потоа и во 1978 година.

– Длабоко сме потресени од ненадејната смрт на Јохан Нескенс. Засекогаш една од нашите најголеми икони. Почивај во мир Јохан – објавија од холандската фудбалска репрезентација преку социјалните мрежи.

Слични содржини