Нов напад врз Либан: Израел тврди дека убил уште еден командант на Хезболах

од Nikola Popovski
17 прегледи

Либанската Национална новинска агенција објави дека израелските воздушни напади започнале рано во вторникот во Бејрут и низ источен и јужен Либан, додека Израел тврди дека убил висок командант на Хезболах во Бејрут.

Најмалку уште десет напади беа пријавени во Бејрут во текот на ноќта, а Израел соопшти дека цел на 70 локации на Хезболах во јужен Либан во понеделникот.

Израелската армија објави дека во понеделникот во напад врз Бејрут го убила Сухаил Хусеин Хусеини, командант на штабот на Хезболах, милитантна организација поддржана од Иран, пренесува РСЕ.

Се вели дека Хусеини е одговорен за трансферот на оружје од Иран и дистрибуцијата на оружје до различни единици на Хезболах.

„Хусеини, исто така, бил „вклучен во буџетот и логистичкото управување на најчувствителните проекти на организацијата, вклучувајќи го и оперативниот план за војната“, се додава во соопштението оттаму.

САД го прогласија Хезболах како терористичка организација, додека Европската унија на црната листа го стави само своето вооружено крило, а не и политичката партија која има места во либанскиот парламент. Хезболах го поддржува Хамас, палестинската милитантна организација, од почетокот на војната во Појасот Газа.

Хезболах допрва треба да ги коментира тврдењата дека Израел го убил нивниот командант.

Во понеделникот Израел ја одбележа првата годишнина од нападот на Хамас врз еврејската држава во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе и зедоа околу 250 заложници.

Во Ерусалим, пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, членовите на семејството и роднините на околу 100 заложници кои сè уште ги држи Хамас, од кои многу се претпоставува дека се мртви, се собраа. Тие протестираа со молчење затоа што владата на оваа земја се уште не успеала да ги ослободи заложниците од заробеништво.

По нападот на 7 октомври, Израел започна воена офанзива против Појасот Газа во која загинаа речиси 42.000 Палестинци, соопшти

Слични содржини