Ова нема да им се допадне на навивачите на Ливерпул: Арнолд е прв избор на Реал Мадрид!

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Трент Александер Арнолд е прва мета на Реал Мадрид во летниот преоден рок, според шпанска „Марка“.

Актуелниот европски првак уште пред почетокот на сезоната почна да ја бара најдобрата опција за десната страна, за да го симне товарот од Дани Карвахал, кој е единствениот вистински десен бек во тимот.

Донесувањето на одлуката го забрза повредата на коленото на Карвахал, која најверојатно ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната, а прашање е во каква форма ќе биде Шпанецот кога ќе се опорави.

Сепак, не се очекува европскиот првак веднаш да реагира и да донесе замена, туку Лукас Васкез да биде опција десно до крајот на сезоната кога Реал треба да ја засили конкуренцијата.

Прв избор ќе биде детето на Ливерпул и англиски репрезентативец кој веќе има запишано над 300 натпревари за „црвените“.

Арнолд има договор со Ливерпул до 30 јуни 2025 година, а англискиот клуб се уште не започнал преговори за продолжување на соработката.

Од друга страна, играчот не зборува за нов договор, поради што се интензивираа шпекулациите за негово заминување.

Арнолд инаку е многу добар пријател со Џад Белингем, кој настапува за „кралевите“ и кој секако би сакал да го види во белиот дрес.

Слични содржини