Раперот Канје Вест наводно се разделил од сопругата Бјанка Ценсори пред неколку недели. Според „Дејли Мејл“, извори блиски до парот тврдат дека тие веќе некое време се „оддалечени“, а неодамнешната посета на нејзиното семејство го потврдила крајот на нивната романса.
„Тие раскинаа неодамна“, открил изворот. „Бјанка почна да гледа на врската во ново светло откако пријателите и семејството изразија загриженост за начинот на кој таа се облекува во јавноста, а Канје почувствува дека не е толку заинтересирана за него како на почетокот“, додаваат тие.
Според TMZ, Канје и Бјанка се во несогласување веќе некое време и можеби планираат да поднесат барање за развод.
„Помина некое време со семејството и после тоа стана поинаква“, објаснува изворот, додавајќи дека нејзиното семејство е загрижено за неа, а Бјанка повеќе не може да ги игнорира проблемите во бракот.
Двојката која постојано беше заедно во јавност не беше видена заедно две недели. Канје некое време е на патување во Јапонија, а неодамна беше забележан во ресторан без Бјанка. Последен пат заедно беа фотографирани на 20 септември во Токио, а потоа Канје беше виден на аеродромот во Хонг Конг без неа.
Канје и Бјанка се венчаа во 2022 година, еден месец откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Оттогаш, парот привлекува внимание каде и да се појави, најмногу поради нивните модни комбинации.