Норвешка го зголеми нивото на закана од тероризам на „високо“ поради ескалацијата на Блискиот Исток

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Норвешката разузнавачка агенција го подигна нивото на закана од тероризам на „високо“, стравувајќи од последиците во таа скандинавска земја од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток.

Невооружените полицајци добија наредба да носат оружје во патрола.

„Ние го подигаме нивото на закана од умерено на високо во Норвешка поради неколку фактори, пред се актуелната ескалација на Блискиот Исток“, изјави портпаролот на PST, Мартин Бернсен.

„Засега немаме информации за какви било конкретни или реални планови насочени кон извршување терористички акти на цели во Норвешка“, нагласи тој.

„Во Норвешка, заканата против еврејските и израелските цели е дополнително зголемена. Во октомври има неколку еврејски празници и некои луѓе би можеле да го искористат тоа за да организираат напад“, рече Бернсен.

Слични содржини