„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI

CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата

од Vladimir Zorba
22 прегледи

„Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, овогодишното јубилејно 35. издание на CPhI се одржува од 8 до 10 октомври во Италија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година забележува маркантно учество со свој штанд, како рута на глобалната фармацевтска мрежа, од каде што ја проширува својата листа на еминентни соработници од редот на фармацевтските лидери во светот.

„CPhI за ’Алкалоид’ е значајна алатка за одржување на трендот на експанзија и за одржување чекор со сите новини во нашата динамична индустрија. CPhI е единствениот глобален one-stop-shop за генеричката фармацевтска индустрија кој нуди можност за средби со постојните и со потенцијалните добавувачи на суровини, ексипиенси и амбалажа, како и со лиценцни партнери и консултанти за регулаторни активности, истражување и развој и слично. Огромни се можностите од прва рака да дознаеме повеќе за најновите трендови во индустријата, зелените технологии, новите молекули и формулации, како и за придобивките од вештачката интелигенција за фармацијата; да пробаме да ги оптимизираме предизвиците во синџирот на набавки и да градиме нови синергии и партнерства. ’Алкалоид’ за првпат учествуваше на овој собир во 2003 година, а со оглед на бенефитите остануваме тука редовно“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Милано собра повеќе од 2.400 изложувачи и 62.000 посетители од 166 земји во светот. CPhl е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето 3,5-децениско постоење прерасна во заедница која го обединува глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, креира врски и инспирира партнерства..

Слични содржини