Џеј Ло проговори за Афлек: Ми требаше разводот, требаше да го знам тоа порано

од Nikola Popovski
669 прегледи

Џенифер Лопез за магазинот „Interview“ проговорила за големите промени кои и се случиле во животот и што научила додека минувала низ тешки животни фази. Таа рече дека ниту една секунда не жали за нејзиниот избор.

„Тоа е доживотен процес“, рекла Џенифер за нејзината постојана потрага по саморазбирање и откривање низ животните подеми и падови.

„Имаше моменти кога мислев дека разбирам се и научив некои животни лекции, но потоа животот повторно ми ги испраќа и тогаш сфаќам дека ништо не сум научила“, искрено изјавила познатата пејачка и актерка.

Таа зборувала и за разводот со Бен Афлек. Тврди дека ѝ била потребна разделбата.

„Жал ми е што ми требаше толку време да го сфатам тоа, по неколку пати. Требаше да го знам тоа порано, сега знам“, потенцирала Џеј Ло.

Се пошегувала на своја сметка: „Сакав да сум во врски и сакав да остарам со некого. Мислев дека тоа ќе ме направи целосна и среќна, но не бев. Конечно ја научив лекцијата – ми требаа само 30 години“.

Открила и дека моментално не бара и не сака да започнува нови врски.

„Малку сум возбудена што сум и ќе бидам сама. Не барам никого затоа што сакам да видам што можам да направам кога летам сама, кога сум слободна“, рекла таа и додала: „Мораш да бидеш здрав и да си комплетен ако сакаш нешто повеќе сам – сакам да си докажам дека можам да го направам тоа“.

Ја прашале дали мисли дека ќе биде тешко. „Чувствувам осаменост, страв, тага и очај… Но, кога ќе ги прифатиш тие чувства и ќе си кажеш дека нема да те убијат, тогаш сфаќам дека сум способна да чувствувам среќа и радост… Да се ​​биде во врска со некој не ме дефинира“, изјавила Џенифер.

За потсетување, Џеј Ло поднесе барање за развод на 20 август оваа година во Лос Анџелес, што се совпаѓа со годишнината на Афлек и нејзината венчавка во Рисборо, Џорџија во 2022 година. Разводот дојде по неколкумесечни шпекулации за брачни проблеми.

Заедно со документите за развод, Џенифер поднела и барање за промена на презимето. Иако сите со децении ја познаваат само како Џенифер Лопез, таа со години не ја нарекуваат така. Имено, пејачката го зела презимето на Бен, па нејзиното легално име било Џенифер Лин Афлек во последните две години.

Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако првпат се сретнаа на снимањето на комедијата Џигли. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја одложија венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа на својата љубов уште една шанса, која не траеше долго.

Слични содржини