Попладнево биле регистрирани два земјотреси во регионот, од кои едниот во Македонија. Според информациите, околу 14:30 часот, се затресе тлото на 3 километри северозападно од Центар Жупа, со интензитет од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Околу 15:40 часот, Србија ја потресе земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 54 километри северозападно од Ниш и 31 километар југоисточно од Ќуприје.
„Чашите ми се придвижија во витрината“, „Седев во автомобилот и добро ме заниша двапати по секунда“ – се само дел од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ за земјотресот во Србија. Неколку луѓе изјавиле дека потресот бил посилен отколку што се чувствувал.
Нема информации за предизвикана материјална штета или повредени граѓани.