115
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе се сретне со српскиот колега, министерот Ивица Дачиќ. Оваа средба следи по претходната нивна средба во Белград на крајот од јули, кога разговараа за натамошно унапредување на соработката меѓу Македонија и Србија во областа на внатрешните работи. По таа средба, Тошковски го покани Дачиќ да ја посети Македонија, се вели во соопштението од српското Министерство за внатрешни работи.
На средбата во Белград, покрај полициската соработка, сребеше посветено внимание и на борбата против организираниот криминал и подобрувањето на соработката на граничните премини. Српските медиуми информираат дека на денешните разговори во Куманово ќе се дискутира и за мигрантските процеси.