44
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков денеска изјави дека наскоро ќе се одржи состанок на претставници на петте нуклеарни земји. Тој истакна дека средбата треба да се одржи во Њујорк во следните неколку недели, пренесе Риа њуз.
„И посакуваме успех на Народна Република Кина во тешки времиња, но тие можат да сметаат на нашата поддршка и се надеваме дека тројцата западни учесници ќе бидат барем малку поконструктивни“, рече Рјабков.
Нуклеарната петорка е неформална асоцијација на држави кои поседуваат нуклеарно оружје, во која спаѓаат Русија, Кина, Обединетото Кралство, САД и Франција.
Во периодот од 2023 до 2024 година Русија ја имаше улогата на координатор, по што таа функција беше префрлена на Кина, пренесе Танјуг.