Апсењето на Диди психички го скршило Џастин Бибер

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Од апсењето на Шон Диди Комбс, кој беше и негов ментор на почетокот на кариерата, Џастин Бибер е во тешка психичка состојба.

„На Џастин му беше кажано да остане што подалеку од се што е поврзано со Диди“, открил добро информиран извор за US Weekly, додавајќи дека единствената цел на славниот пејач во моментов е да се заштити од се.

Џастин Бибер беше згрозен од целиот скандал околу неговиот поранешен ментор, музички магнат и рапер Шон Диди Комбс, кој моментално е зад решетки поради бројни обвиненија.

Меѓу обвиненијата се силување, трговија со луѓе и водење криминална организација, а Бибер, кој на почетокот на кариерата имаше интензивна врска со Диди, бидејќи бил негов ментор, од сето тоа бил психички скршен.

„Поради неговата историја со Диди, наводите изнесени против раперот беа тешки за Бибер да ги „свари“. Тој е целосно згрозен од скандалот и не сака никаква врска со целата оваа ситуација. Тоа се работи од неговото минато и сака тие да останат таму. Неговата среќа што стана татко ја надмина неговата вознемиреност за Диди“, открил друг извор.

И навистина, наместо да се фокусира на својот син Џек, кој неодамна го роди неговата сопруга Хејли Бибер, Џастин мора да се соочи со најтешките работи и да се плаши дека сè ќе излезе на виделина.

Дека не му е добро се гледа и од неодамнешните папарацо фотографии на пејачот, кој изгледа пијано и ненаспиено, поради што можеме да заклучиме дека е многу исплашен и загрижен.

Познато е дека Бибер својата слава ја стекна како 14-годишник, а во 2008 година потпиша договор со издавачката куќа на музичарот Ашер, кој исто така беше штитеник на Диди.

Диди го зеде Џастин под своја закрила и му понуди поглед во луксузниот и брз начин на живот на музичкиот магнат. Уште како момче, поточно како адолесцент, Џастин учествувал на забави кои по никакви стандарди, барем како што изгледа во последно време, не биле она што човек на таа возраст требало да го доживее: од дрога и хектолитри алкохол, па сè до неморални дејствија на секој агол во замокот на Диди.

Слични содржини