Половните електрични возила ќе траат подолго од тие на бензин и дизел!?

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Моментално сме во фаза на енергетска транзиција во сообраќајот и никој не знае како ќе заврши. На пат се паралелно електрични возила, на дизел, бензин, хибриди, плагин хибриди, возила на гас… Кој ќе победи, никој не знае, лобираат на сите страни и ќе видиме.

На половниот пазар, електричните возила засега побрзо губат цена, но наводно имаат предност. Барем во еден сегмент.

Електричните возила ќе имаат подолг животен век од моделите на бензин или дизел, а извршниот директор на Renault, Лука де Мео тврди дека батериите имаат подолг животен век отколку што се мислеше.

– Електричните возила ќе траат подолго од возилата со SUS мотори бидејќи имаат помалку подвижни делови. Спротивно на она што луѓето мислеа дека ќе се случи, батериите траат многу подолго од очекуваното – изјави Де Мео на промоцијата на новото партнерство со компанијата за рециклирање SUEZ.

Слични содржини