Таравари најдоцна до понеделник ќе излезе со извештаите за смртта на родилката и 14-месечното бебе

од Илинка Илиоска
28 прегледи

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека попладне ќе излезе со извештај за случаите со починатата родилка во кумановската болница и смртта на 14-месечното бебе на Детската клиника во Скопје. Потоа, како што додаде, останува истражните и судските органи да поведат постапки и да постапат по случаите.

„Извештаите се речиси подготвени. Чекав извештај од професионални и компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок за случајот со починатото бебе. Се надевам дека денеска или најдоцна во понеделник, како Министерство за здравство да имаме прес-конференција на која ќе ги кажеме сите детали од случувањата со родилката од Куманово и 14-месечното бебе“, рече тој.

Утрово, посочи тој дека е доставен извештајот за случајот со почината родилка, а за починатото бебе очекува денеска да го добие и да го разгледа.

 

Слични содржини