Минчев: Вчера имаше прес „ДУИ против ДУИ“, да не се брза со ново решение за правична застапеност

од Nikola Popovski
14 прегледи

Не треба да се брза со соддржината на евентуално ново решение. Мислам дека е подобро са се отвори широка и јавна дебата во која би се вклучиле сите заинтересирани страни, но исто така и експертската и академската заедница за да се најде решение кое ќе биде доголрочно, содржајно и солидно и нема повторно да не воведе во ситуација за евентуална ваква одлука на Уставниот суд, рече министерот за јавна администрација, Горан Минчев за одлуката за укинување на алатката балансер.

За вчерашната ноќна прес-конференција на ДУИ пред Уставниот суд, Минчев вели дека е „драматична“ и дека „времето на такви пресови е завршено“.

-Бевме пред интересна ситуација. Имавме прес-конференција со работен наслов ДУИ против ДУИ. Во Националната стратегија која ја има донесено минатата влада, имаме ситуација во која што ДУИ како учесник во Владата поддржала иницијатива во која се констатира дека се надминува потребата од примената на балансерот која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од страна останува применета на начелото и соодветната правична застапеност на припадниците на заедниците, кажа меѓу друго Минчев.

Министерот не ја коментира одлуката на Уставен, чека да ја види одлуката за да знаат како ќе се применува.

Слични содржини