Српското Собрание одби да го забрани ископувањето на литиум и бор

од Nikola Popovski
139 прегледи

Пратениците на српскиот парламент со мнозинство гласови го отфрлиле предлогот за измена на Законот за рударство.

Резултати од гласањето:

ЗА – 84 пратеници

ПРОТИВ – 128

отсутни – 0

ГЛАСАЛЕ – 212

НЕ ГЛАСАЛЕ – 2

ВКУПНО – 214

Мнозинството пратеници одлучиле да се гласа тајно.

Српската опозиција иницирала предлог за измена на Законот за рударско и геолошки истражувања со кој се бара забрана за применети геолошки истражувања, експлоатација и преработка на борна и литиумска руда.

Забрана за применети истражувања и експлоатација на литиум и бор побараа 86 претставници на тамошната опозиција.

Слични содржини