БГНЕС: Министерката со бугарски пасош управувала со сомнителна компанија во Бугарија

од Илинка Илиоска
112 прегледи

Македонската министерка за енергетика, Сања Божиновска, била управител на бугарската компанија „РУДНАП ГРУП БУГАРИЈА“ од 2012 до 2014 година, известува БГНЕС. Компанијата, која е во сопственост на „ALTARIA RESEARCH“ со седиште во Кипар. Фирмата е контролирана од српскиот државјанин Воин Лазаревиќ.

Во периодот кога Божиновска беше менаџер на „РУДНАП ГРУП БУГАРИЈА“, компанијата извезуваше струја во Србија, Грција, Романија и Македонија. Во 2014 година со одлука на Комисијата за регулирање на енергетиката и води, лиценцата на „РУДНАП ГРУП БУГАРИЈА“ и беше одземена.

Во периодот од 2011 до 2014 година, преку „РУДНАП“ поминале приходи од околу 250 милиони лева. БГНЕС додава дека Сања Божиновска е еден од најблиските министри до премиерот Христијан Мицкоски и коментира дека актуелната влада покажува тенденција кон економско и политичко зближување со Србија, при што ја заострува реториката кон Бугарија и Европската унија.

Во извештајот, БГНЕС истакнува дека од вкупно 140 илјади граѓани на Северна Македонија, кои во последните 15 години се стекнале со бугарско државјанство поради изјавување на бугарско потекло, еден од нив е и министерката Божиновска. Иако таа неодамна тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство, БГНЕС открива дека не само таа, туку и целото нејзино семејство има бугарско државјанство, стекнато врз основа на изјави за бугарско потекло.

Слични содржини