Дали завршува ерата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити? Многу љубители на фудбалот почнаа да си го поставуваат тоа прашање откако Чики Бегиристајн, неговиот верен сопатник, реши да ја напушти функцијата спортски директор на „граѓаните“.
Англиските медиуми веќе пишуваат дека Манчестер Сити одлучил да го замени Бегиристајн со Хуго Вијана, актуелниот спортски директор на Спортинг Лисабон, а наводно веќе е подготвена замена за Гвардиола.
Имено, каталонски „Национал“ пишува дека прв избор за наследник на Гвардиола е Луис Енрике. Шпанецот моментално е тренер на ПСЖ, но тоа нема да биде проблем за богатите сопственици на Сити доколку тој е заинтересиран за работата.
Сепак, секој менаџер кој ќе го наследи Гвардиола ќе се соочи со огромен предизвик да ги повтори неговите резултати.