Ѓоковиќ: Синер е фаворит, но дојдов да ја освојам 100-та титула во кариерата

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека Јаник Синер е фаворит на утрешното финале на Мастерсот во Шангај, но дека на турнирот дошол да ја освои 100-та титула во кариерата.

Ѓоковиќ денеска во полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај го совлада Американецот Тејлор Фриц со резултат 6:4, 7:6 (8:6). Тој утре ќе игра во финалето против најдобриот светски тенисер – Италијанецот Јаник Синер.

„Не сум играл во Кина пет години. Имав голем успех во Шангај и Пекинг. Поддршката што ја добивам овде е феноменална. Благодарен сум, поради тоа добивам енергија што ме тера да одам понатаму. Дојдов оваа година со визија и желба да стигнам до финалето и да ја барам таа 100-та титула. Ќе играм против Синер, кој е најдобар во светот оваа година, игра одличен тенис. Тој е фаворит, но се надевам на најдоброто“, изјави Ѓоковиќ на теренот по мечот.

Слични содржини