53
Извршниот директор на JPMorgan, Џејми Дајмон е прилично песимист и верува дека инфлацијата сепак ќе биде присутна.
Според него, веројатноста за меко приземјување на економијата е само 35-40% (пред неколку дена Goldman Sachs објави дека гледа само 15% шанса за рецесија во САД во следните 12 месеци).
– Дефицитот е огромен и тој е инфлаторен. Транзицијата кон зелена економија е инфлаторна. Милитаризацијата на светот ја поттикнува инфлацијата, како и вооружувањето на светот. На крајот на краиштата, и демографските движења се инфлаторни“, додаде Дајмон.
Тој долго време предупредува дека САД мора да се соочат со предизвикот за поголемо задолжување, доколку не сакаат уште поголеми проблеми.