11
По победата во натпреварот од Лигата на нации над Финска (3:1), селекторот на Англија, Ли Карсли даде оценка за работата во националниот тим.
„Оваа работа заслужува тренер од светска класа кој освоил трофеи. И сè уште сум уверен во тоа“, изјави Карсли, цитиран од ITV.
Младиот стручњак беше назначен за привремен менаџер на Англија на 9 август 2024 година по заминувањето на Герет Саутгејт.
Англија собра 9 бода од четири натпревари се наоѓа на второто место во групата 2 од Лигата Б, Финска е на последното место без бодови.
Во следниот натпревар Англија гостува во Грција на 14 ноември, истиот ден Финска ќе се сретне со Ирска.