Недобивање на кислородна поддршка – причина за смртта на 14-месечното бебе

од Nikola Popovski
56 прегледи

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира за лекарски пропусти за случајот со починатото 14-месечно бебе кое почина на детската клиника „Козле“.

Според Таравари, има неколку причини: човечкиот фактор, организацискиот фактор, но и во делот на немање доволно опрема во една од болниците.

За министерот, главната причина за смртта на бебето е недобивањето на кислородна поддршка.

-Во болницата Козле каде што било донесено детето немало соодветна опрема и лекари. Во однос на техничките недостатоци, има потреба од соодветна апаратура за добивање респираторна поддршка. Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потреба иод хоспитализација при вториот преглед на бебето, рече меѓу другото министерот.

Сите извештаи ќе бидат доставени до Лекарската комора.

-Преку ноќ не можеме да смениме систем кој што полека колабрира, особено последните 15 години, дециден е Таравари, посочувајќи дека добил информација дека болницата „Козле“ нема механичка вентилација.

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за 14-месечното дете кое почина од опструктивна бронхопневмонија, покажа дека детето два пати било носено на клиника, но не било хоспитализирано.

Здравствените инспектори имаат надлежност само да го проверат патот на лекување на детето, а дали имало пропусти треба да констатира стручната комисија која беше задолжена да го испита случајот.

На 4 октомври, самоиницијативно родителите го однеле детето во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ околу 11 часот, каде по преглед од страна на лекар специјалист педијатар, е задржано на болничко лекување заради поставена дијагноза – bronchiolitis acuta.

-Хоспитализирано во 03.47 на одделение за интензина нега и терапија. Со оглед дека било во исклучително тешка здраствена сосотојба побарано е и стварен контакт со ЈЗУ ИК ТОАРИЛУЦ -ОЕ КАРИЛ заради поставување на асистирано дишење . Од страна на анестезиолог е издаден изештај дека е пристапено кон реанимација, без успех и настапува смртен исход, Исписна дијагноза e Bronchopneumonia obstructiva, Exitus letalis во 04.20 минути, се појаснува во извештајот.

Слични содржини