Исчистена дива депонија во близина на „Корчагин“

од Nikola Popovski
25 прегледи

Во заедничка акција инспекторите за животна средина на Општина Центар, хигиеничарите од ПОЦ и Министерството за внатрешни работи исчистија и заградија напуштен објект кој пред извесен период бил диво населен и претворен во дива депонија и кој претставуваше извор на зарази. Објектот се наоѓа во непосредна близина на гимназијата Р.Ј Корчагин.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните да ги пријавуваат вака запуштените објекти.

„ Овде затекнавме мини депонија која навистина негативно влијае не само на здравјето на околината туку и на здравјето на самите граѓани кои диво се населиле. Нашата цел како општина е да ги исчистиме и обезбедиме сите слични објекти и поради заштита на здравјето на граѓаните кои живеат во нивна околина и поради безбедносни причини. За таа цел ги повикувам сите жители на Центар да ги пријавуваат ваквите запуштени места со цел да ги исчистиме, обезбедиме и затвориме од повторно насилно вселување”, потенцира Герасимовски.

Општина Центар е решена да воведе ред во напуштените објекти и сите сопственици кои имаат вакви објекти ќе бидат задолжени истите да ги одржуваат, безбедноста на граѓаните и одржувањето на јавната хигиена во општината е на прво место.

Слични содржини