Руското обвинителство бара „Шел“ да плати повеќе од една милијарда евра отштета

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Руското државно обвинителство бара од енергетската компанија „Шел“ да плати над една милијарда евра отштета поради напуштањето на проектот за производство на течен гас „Сахалин-2“, соопшти денеска прес-службата на Арбитражниот суд во Москва.

Прелиминарното рочиште во неодамна поднесената тужба против „Шел“ е закажано за 11 декември, пренесе „Комерсант“.

Британско-холандската компанија „Шел“ се уште не се огласила. Проектот „Сахалин-2“ беше лансиран во 1994 година врз основа на соработката на „Газпром“, кој задржа контролен пакет од 50 отсто плус една акција, компанијата „Шел“ со 27,5 отсто удел, како и јапонските компании „Мицуи“ 12,5 отсто и „Мицубиши“ 10 проценти.

По почетокот на војната во Украина во 2022 година, компанијата „Шел“ објави дека го напушта проектот, а „Газпром“ потоа го презеде нејзиниот удел.

Слични содржини