20
Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона беше бесен откако стана јасно дека Сер Алекс Фергусон е отпуштен од функцијата амбасадор на клубот.
Ексцентричниот Французин во објава на својот Инстаграм профил застана во одбрана на легендарниот Шкотланѓанец.
„Сер Алекс Фергусон треба да може да прави што сака во клубот до денот кога ќе умре. Огромно непочитување! Ова е апсолутно безобразно, Сер Алекс Фергусон ќе биде мојот шеф засекогаш!“, сподели Кантона на својот профил.