Јакимовски: Градоначалниците Албанци имаат средства за финансирање на Албанската академија, а се кратат на македонските општини за парно греење

од Nikola Popovski
183 прегледи

Првиот човек на општина Карпош, Стевче Јакимовски продолжи да изнесува информации по препукувањето меѓу него и МОН во однос на парното греење во осумте училишта во Карпош. Вели дека во 2022 година предвидени биле средства во износ од 39 милиони денари, а исплатени се само 20 милиони. За 2023 година добиле пет милиони денари повеќе.

Јакимовски директно порача „тие трикчиња во други села да ги кажуваат“.

-Претходната година ни скратиле 19, а оваа ни додале 5. Не може да се штеди на грбот на децата и граѓаните на општина Карпош. Вчера ги слушнавте градоначалниците Албанци кои што рекоа дека сами ќе ја финансираат Албанската академија. Тие имаат средства, а ние македонските градоначалници немаме средства ниту за парното во училиштата. Тоа го поддржа и претседателот на Град Скопје, Трајко Славески. Ова е договорена работа како да ги прејдат граѓаните, односно тоа да не го плати централната власт, туку да оди преку локалната самоуправа. Ова е срамно од една Влада која што дојде на власт на крајно анти-албанска реторика. Се однесува најнекоректно кон македонските општини и ставајќи ги на маргините, кажа Јакимовски во изјава за медиумите.

Слични содржини