Началникот Каришиќ го донел Александар на обвинителна клупа без ниту еден доказ, вели адвокатот Туфегџиќ

од Nikola Popovski
176 прегледи

Бранителот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ е уверен дека после денешното рочиште во судот е јасно дека доколку не биле Александар Ѓорчевски и неговиот пријател Гоце, се уште немало да има епилог на случајот. Ова следува по сведочењето на поранешниот началник во СВР Скопје, Музафер Каришиќ.

-Видовме и слушнавме дека службите не презеле ништо во контекст и корелација со она што го налага процесот на криминалистичка профилација. Имал постојан контакт со Александар и Гоце, примал видео-записи и сето тоа него го навело дека само Александар му е сомнителен поради неговото чудно однесување. Го добив одговорот дека токму овој сведок е кој го донел Александар на обвинителна клупа, без ниту еден доказ и аргумент, наместо да го направи она за што бил платен од граѓаните. Само е добро што повеќе од три месеци не ја раководи службата, заради сите нас и нашата безбедност, кажа Туфегџиќ во изјава за медиумите.

За адвокатот, поразително е што началник на полиција неколку пати кажал дека немал никаква насока, ниту има претстава што се случило со исчезнатите луѓе, пред да ги добие наодите од истрагата до кои стигнале Александар и Гоце.

-Мислам дека текот на работите е дека прво се собираат снимките од безбедносните камери во околината, а потоа се оди на камерите од „Сејф сити“ и тоа не е никаква тајна. Се добива општа слика дека сите многу повеќе се ангажирале од самата полиција, додаде Туфегџиќ.

„Ајде да ја бараме, па џабе ја бараме, девојчето е киднапирано и убиено“, повторувал таткото на Вања – Александар Ѓорчевски пред инспекторот од скопската полиција. Да ангажираме мафијаши да помогнат во пронаоѓањето на девојчето, советувал Ѓорчевски. Го викнал инспекторот на средба и се распрашувал што знае полицијата. Го запознал инспекторот Музафер Калишиќ со кумашинот Гоце, со кого не се виделе со години, но кој му се јавил на Александар за да помогне во пронаоѓањето на Вања. Бидејќи до пронаоѓањето на телото на Вања и проговорувањето на Кешишов никој не ги поврзувал двата случаја на Панче и на Вања, на инспекторот не му било јасно зошто Гоце му дал снимка од бензинска пумпа во Велес, каде што Панче точи гориво.

За двојното убиство обвинети се петмина. Четворица се товарат за соизвршителство, а едно лице – таткото на Вања, за помагање.

Слични содржини