Експанзија на Балканот: Carrefour презема познати ланци во Србија и Бугарија

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Францускиот ланец Carrefour влегува на српскиот пазар. Преку својата филијала во Грција, Carrefour планира голема експанзија на Балканот. На почетокот на годината беа отворени првите супермаркети во Бугарија, а наскоро се очекува бизнисот да се прошири и на српскиот пазар.

Како што дознава порталот Retail Serbia, „Retail and More“ од Грција, ексклузивниот партнер на Carrefour, основал своја филијала во Србија. По потпишувањето на договорот со француската групација, грчката компанија бараше партнер во Србија, но бидејќи тоа не се случи, почнаа преговорите за купување на познат синџир. Преговорите се во завршна фаза и францускиот синџир речиси сигурно би можел да се појави во Србија во текот на следната година. Неофицијално, групата во моментов преговара за можна аквизиција и во Бугарија.

Според претходен договор, „Retail and More“, во соработка со партнер, планираат да ги ребрендираат Parkmart и ALDO во продавниците на Carrefour во Бугарија, додека на српскиот пазар се очекува дополнително проширување и можни превземања.

Да потсетиме, „Retail and More A.E.“ е дел од грчката „АVЕ“ групација. Таа ги поседува сите права на француската компанија Carrefour за пазарите во Грција, Кипар, Србија, Бугарија, Македонија, Албанија и Црна Гора.

Слични содржини