Лонзо Бол се врати во акција по речиси тригодишно отсуство поради повреда

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Бекот на Чикаго Булс, Лонзо Бол, се врати на теренот по речиси тригодишно отсуство. 26-годишниот Бол во играта влезе во контролната со Минесота Тимбервулфс, која Булси ја добија со 125-123. За Бол ова беше прв натпревар од 14 јануари 2022 година.

На средбата со Минесота, плејмејкерот реализираше 10 поени за 15 минути игра, додавајќи асистенција, блок и украдена топка во својата статистика.

Минатата година, Лонзо Бол беше подложен на трансплантација на ‘рскавица и менискус, откако повеќе од една година сите други видови третмани не ги дадоа посакуваните резултати.

„На теренот се чувствувам многу подобро отколку да гледам од страна. Не можам со зборови да го опишам чувството што ме обзеде кога се вратив во игра“, изјави Бол по мечот.

Тој прецизираше дека физички се чувствува многу добро.

Бол влегува во последната година од договорот што го потпиша во 2021 година. Договорот беше за четири години во вкупна вредност од 80 милиони долари.

Слични содржини