(Вознемирувачки фотографии) Убиен лидерот на Хамас?

од Milan1
112 прегледи

Израелската војска соопшти дека ја истражува можноста дека го убила лидерот на Хамас Јахја Синвар, пренесува „Sky News“. Синвар го води Хамас во Газа од 2017 година, откако се приклучи на неговите редови во раните 1980-ти.

– За време на операциите на ИД во Газа беа елиминирани тројца терористи. ИДФ и ИСА ја истражуваат можноста еден од терористите да е Јахја Синвар. Во оваа фаза не може да се потврди идентитетот на терористите. Во зградата каде што беа елиминирани терористите немаше траги од заложници. Силите кои дејствуваат во областа продолжуваат да дејствуваат со должна претпазливост, соопштија од израелската војска преку платформата „Х“.

Фотографија од мртов човек во куп урнатини се појави на социјалната мрежа која има огромна сличност со Јахја Синвар.

Автентичноста на фотографијата не е потврдена.

Кој е Јахја Синвар?

Синвар (61) стои зад нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, затоа израелската армија го бара во енклавата, пренесува Ројтерс. Тој помина 23 години во израелските затвори пред да биде ослободен во 2011 година како дел од размена на затвореници.

Тој во моментов се смета за најмоќниот член на Хамас, по атентатот на Ханије, заменик-лидерот на групата, Салех ал-Арури, кој беше убиен во Бејрут, и Мохамед Деиф, воениот командант на движењето.

Роден е во Кан Јунис и беше избран за лидер на Хамас во Газа во 2017 година.

Според британската агенција, Синвар претходно раководел со безбедносниот апарат Ал-Мајд кој ги следел, убивал и казнувал Палестинците обвинети за соработка со израелската тајна служба пред да биде затворен.

Синвар не е виден во јавноста од 7 октомври и се наоѓа на американската листа на опасни терористи.

Слични содржини