Тешка несреќа на градилиште во Гостивар: Повредени четворица работници, вклучен трудов инспекторат

од Илинка Илиоска
29 прегледи

Четворица градежни работници се тешко повредени во несреќа која се случила вчера, додека работеле на објект во Гостивар, соопшти полицијата.

„На 16.10.2024 во 15.00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени Р.А.(53) од с.Дебреше, гостиварско и Ш.А.(49), С.А.(22) и С.А.(33), тројцата од Гостивар. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи на објект за фирма на улица „ЈНА” во Гостивар“, велат од МВР.

Известени биле Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Слични содржини