Малолетник за 11 дена испратил 49 пријави за бомба: Еве што ќе биде со него

од Илинка Илиоска
21 прегледи

Малолетник е сместен во ЈУ Завод за воспитување машки деца и младинци во Сараево. Неговиот привремен престој во оваа установа може да трае еден месец или додека не се донесе нова судска одлука. Шеснаесетгодишникот е осомничен дека во последните 11 дена 49 пати лажно пријавил поставени бомби во повеќе средни училишта во Сараево, испраќајќи заканувачки пораки на електронските адреси на тие образовни установи.

Постапувачкиот обвинител од Кантонот Сараево предложил едномесечен притвор на малолетникот, кој се товари за кривични дела загрозување на безбедноста и лажно пријавување. Притворот е предложен согласно Законот за заштита и постапување со деца и малолетници во кривичната постапка на ФБиХ, поради опасност од повторување на кривичното дело, пренесуваат федералните медиуми.

Инаку, лажните дојави за поставени бомби во училиштата продолжуваат и по апсењето на малолетникот.

Слични содржини