Ученик предизвика паника во основно училиште во Белград: Покажувал пиштол

од Илинка Илиоска
21 прегледи

Основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград добило најмалку една анонимна пријава дека вчера попладне еден од учениците донел пиштол во училиште и им го покажал оружјето на другарите во тоалетот.

Случајот е пријавен во полиција, во Советот на родители и во Обвинителството.

Од вишото Јавно обвинителство за Инсајдер потврдија дека вчера, 16 октомври, во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград од страна на ученик бил внесен пиштол играчка.

И од МВР за Инсајдер потврдија дека ги истражуваат наводите дека момчето, кое посетува седмо одделение во ова основно училиште, наводно на своите соученици им покажало „нешто како пиштол“.

Од друга страна, неколку членови на Советот на родители на ова училиште одговориле на прашањата на Инсајдер- што точно се случило, дека не знаеле и дека и тие чекале официјални информации од управата на училиштето и МВР.

Слични содржини