20
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека злото „претрпело тежок удар“, но предупреди дека задачата на Израел „не е завршена“. Тој тврди дека Израел го исполнил ветувањето дека ќе го убие лидерот на Хамас.
„Денес злото претрпе тежок удар, но задачата пред нас се уште не е завршена“, рече тој.
Обраќајќи им се на семејствата на заложниците, тој рече дека ова е „важен момент во војната“.
„Ќе продолжиме со сите сили до враќањето во домовите на вашите најблиски“, најави тој и тоа го нарече „најголема посветеност“.
Тој исто така имаше порака до жителите на Газа, велејќи: „Синвар ви го уништи животот. Ви кажа дека е лав, но во реалноста се криеше во мрачно дувло – и беше убиен додека панично бегаше од нашата војници“.