44
Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, изјави дека убиениот лидер на Хамас, Јахја Синвар „бил огромна пречка за мирот“.
„Сега кога таа пречка е отстранета, претседателот Бајден со нетрпение очекува да разговара со премиерот Нетанјаху за тоа како да се обезбеди враќање на заложниците и да се стави крај на војната“, изјави тој.
Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант имаше телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин по убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар, соопшти Пентагон.
Остин „изрази силна поддршка за итно ослободување на сите преостанати заложници и прекин на огнот во Газа“, се вели во соопштението.