Две жени видени со Пејн во хотелот, аргентинската полиција ги бара

од Nikola Popovski
81 прегледи

Аргентинската полиција трага по две жени кои биле со Лиам Пејн непосредно пред тој да падне од балконот на хотелот. Се верува дека двете би можеле да бидат клучни сведоци и дека последни го виделе жив. Нема индиции дека би можеле да се вмешани во неговата смрт, но полицијата се надева дека со нивна помош ќе успее да открие што точно се случило на балканот од неговата соба на третиот кат.

Аргентинското обвинителство соопшти дека се укажува дека пејачот во моментот на смртта бил сам, но се истражува евентуалната вмешаност на други лица во настаните кои му претходеле на овој трагичен настан.

Девојката на Лиам, Кејт Кесиди, се вратила на Флорида пред пет дена, иако планирале да останат во Аргентина две недели. Таа им порача на своите следбеници на социјалните мрежи дека „само треба да се врати дома“.

Даг Џонс, гостин во хотелот, за Би-Би-Си изјавил дека слушнал врева од собата на Лиам.

– Имаше многу бучава како кревање тешки предмети, удирање итн. Видов вработени во хотелот како влегуваат и излегуваат од таа соба. Околу 17 часот слушнав врескање – рекол тој и додал дека тогаш видел како полицијата доаѓа во хотелот.

Слични содржини