Бугарска фудбалска легенда ќе тренира тим од Македонија?

од Nikola Popovski
87 прегледи

Легендата на бугарскиот фудбал Красимир Балаков може да ја продолжи тренерската кариера во Македонија. Според турскиот портал „Balkan Futbolu“, Балаков е опција за тимот Гостивар од Првата лига на земјава.

„Македонскиот тим Гостивар е во преговори со Красимир Балаков за менаџерската позиција“, објавил порталот, пренесуваат бугарските медиуми.

Тимот од Гостивар во моментов го зазема третото место на табелата со 17 бодови, два помалку од лидерот Работнички и еден помалку од второпласираната Шкендија. Тимот е непоразен и има 4 победи и 5 нерешени во 9 натпревари, но и покрај тоа, од функцијата беше разрешен претходниот тренер Муарем Муарем.

Красимир Балаков последен пат беше на чело на Локомотив од Софија на крајот од минатата сезона, кога тимот беше во опасност од испаѓање. Предводени од поранешната бугарска легенда на репрезентацијата, се спасиле и избегнале дополнителни разигрувања со екипи од Втората лига.

Слични содржини