42
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одговори на прашање за завршени и можни трансфери на фудбалери, односно такви кои го напуштаат клубот.
– Продажбите што ги направивме, беа од спортски причини. Знаеме како да продаваме и секој што доаѓа кај нас да купува, треба да се претстави во најдобро можно светло. Дојдоа кај мене да го купат Ламин Јамал за 250 милиони евра и јас одбив, изјави Лапорта, цитиран од шпански „спорт“.
Во текот на летниот преоден рок беше објавено дека ПСЖ понудил 250 милиони евра за Јамал, но Барселона ја одбила понудата.