(ФОТО) Илустрација на билборд во центарот на Ваљево шокираше многумина: Сопственикот веднаш го исклучил, случајот ќе биде пријавен во полиција

од Илинка Илиоска
563 прегледи

Под се уште неразјаснети околности, на билборд во центарот на Ваљево се појави илустрација која шокираше многумина. Имено, како што може да се види на Инстаграм, на билбордот е прикажан црн орел, мотив од албанското знаме, како дави бел орел со симболите на српското знаме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VALJEVO – LIVE (@valjevo_live)

„Се претпоставува дека е хакиран и дека ова е една од провокациите“, се наведува во описот на фотографијата.

Во коментарите се огласи и сопственикот на овој билборд кој изјави дека билбордот бил хакиран синоќа и дека веднаш штом дознал го исклучил. Тој најавува дека случајот ќе биде пријавен до надлежните органи.

Слични содржини