Андоновска: Четири вработени во ЗОО Скопје под здравствен надзор, едно лице имало симптоми

од Илинка Илиоска
21 прегледи

Во изјава за медиумите, откако беше потврден птичји грип кај гуска во Зоолошката градина во Скопје, дректорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска кажа дека епидемиолозите ќе издадат решение за 4 вработени во зоолошката да одат под здравствен надзор.

„Во текот на вчерашниот ден извршена е брза и навремена реакција од страна на надлежните институции, согласно законските прописи и протоколи. Имено, веднаш по дојавата од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство до Институтот за јавно здравје дека постои веќе потврден лабораториски испитан случај на живина од зоолошката градина во Скопје, за постоење на птичји грип, веднаш е организиран итен состанок помеѓу претставници од АХВ, епидемиолози од ЦЈЗ, како и епидемиолози од ИЈЗ. На тој состанок, добиена е листа од 16 лица кои се вработени во зоолошката градина и веднаш е започната епидемиолошка анкета. Од податоците кои ги добив од страна на епидемиолозите кои ја извршуваа анкетата, од 16 луѓе од листата, исконтактирано е со 15 лица од истата. Во текот на денешниот ден ќе се направат напори да биде исконтактирано и последното лице. Во однос на веќе исконтактираните 15 лица, епидемиолозите во текот на утрешниот ден ќе издадат решение за 4 од овие лица да одат под здравствен надзор. Ќе се следат и останатите, но официјално под надзор ќе бидат ставени овие 4“, кажа Андоновска.

Таа објасни дека „здравствен надзор не подразбира карантин и изолација, туку во следните две недели овие 4 лица ќе бидат следени дали ќе пројават било каков симптом којшто понатаму би се испитувал дали се работи за птичји грип. Секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози од ИЈЗ и ќе се следи нивната здравствена состојба“.

„Едно од овие лица на 18-ти имало некакви симптоми кои траеле еден ден, а тоа е: температура и дијареа што не значи дека тоа лице има птичји грип. Тоа лице ќе биде тестирано оти препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите е по појавата на првите симптоми во рок од 5 дена да се направи тестирање“, вели директорката на институтот.

АХВ потврди: ЗОО Скопје постапила спротивно на законот при откривање на причји грип

Слични содржини