Министерката за транспорт на Бугарија, Красимира Стојанова, изјави дека тунелот од бугарска страна на Коридорот бр. 8 ќе биде целосно завршен најдоцна до 2030 година. Таа во емисијата „Брисел 1“ објасни дека ова повеќепати било кажано на властите во Скопје, вклучително и за време на состанокот на 16 октомври во Брисел, каде присуствувале експерти од Европската комисија (ЕК), претставници на Бугарија и Северна Македонија, како и финансиски институции како ЕИБ и ЕБОР.
„Нашата земја има обезбедено финансирање за последната делница од околу 2,5 километри до границата со РСМ. За жал, не гледаме никакви гаранции и јасни рокови кога колегите од РСМ ќе го изградат својот дел,“ изјави Стојанова, потенцирајќи дека Бугарија е подготвена за завршување на својата делница до крајот на 2030 година.
Министерката ги отфрли обвинувањата дека Бугарија не ги исполнила своите обврски, потсетувајќи дека „дел од прекуграничниот тунел „Деве Баир“ беше изграден уште во 1948 година.“
Одговарајќи на прашањето зошто се случи Скопје по оваа средба во средата во Брисел повротно да излезе со мислења дека е тешко да се изгради Коридорот 8, оставајќи впечаток како да не сакаат да го градат, таа изрази сомнеж дека македонската делегација не го информирала добро министерот.
„Би сакала да укажам дека тоа се должи на фактот што колегите од РСМ кои учествуваа на средбата во Брисел не го информирале доволно добро својот министер. Секако тоа го кажувам во рамките на шегата. Мислам дека нема некакво несовпаѓање. Колегите кои се вратија од Брисел од нашата МТС дојдоа со добра вест, средбата беше добро покриена и со соопштението на ЕК. Мојот заклучок од она што ми го кажаа колегите, од она што го прочитав е дека двете страни уште еднаш ја потврдија посветеноста на изградбата на овој важен Коридор 8 и тоа како министер за транспорт и врски ме задоволува во моментот.
Коментирајќи дали ќе се гради или не Коридорот 8, бидејќи Николоски вели дека овој проект нема да се гради и најавува нов проект таа потсети дека Работната група е создадена уште во 2017 година, кога Бугарија на секое ниво, како и досега со своите претставници, вели дека категорично ја потврдува својата посветеност на заштитата на Коридорот 8.
„А, тоа значи дека ние како земја-членка на ЕУ, строго ги почитуваат своите обврски. Сакам да истакнам дека во 2017 година беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и РСМ. Во овој договор, во две негови одредби, двете страни изречно се обврзуваат да соработуваат во сите аспекти, вклучително и изградбата на транспортната инфраструктура. На истиот датум, 01.08.2017 година, потпишан е Меморандум за соработка меѓу двете ресорни министерства – бугарското МТИТС и сличното министерство на РСМ, со што двете страни предвидуваат изградба на железничката линија на Коридорот 8 Софија – Скопје. Овие активности за воспоставување на правната рамка за Коридорот 8 продолжија понатаму, при што им се приклучија Албанија, а подоцна и Италија“, нагласи Стојанова.
Таа исто така изрази и изненадување зошто Скопје говори за корупциски проекти, нагласувајќи: „Дали некој мисли дека финансиските институции како ЕИБ и ЕБОР би инвестирале во коруптивни проекти?“
Стојанова ја истакна важноста на Коридорот бр. 8, нагласувајќи дека тој е приоритет за Бугарија, Европската комисија и НАТО, додавајќи дека се надева дека овој проект ќе биде приоритет и за Северна Македонија.