Мицкоски на Фејсбук од воз: Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина

од Илинка Илиоска
72 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави фотографија од своето патување со воз од Виена до Салцбург, каде утре има свој панел и излагање на 20тиот Европски самит посветен на Европската Унија и реформите на овој пат.

„Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања.

Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.

Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина“, напиша Мицкоски.

Слични содржини