Бендевска откри зошто го напуштила СДСМ во 2014 година

од Nikola Popovski
78 прегледи

Пратеничката од ЗНАМ, Весна Бендевска откри зошто ги напуштила редовите на СДСМ, во чија партија беше членка до 2014 година. Според Бендевска, постоеле несогласувања со политиките што ги спроведувал тогашниот лидер на СДСМ и екс-премиер, Зоран Заев.

-Свитканата кичма најавена на седница на ЦО, а потоа и на партискиот Конгрес. Мојот став јасно го кажав. Кога пред партиското членство објасни како мисли да ја внесе Македонија во евроатлантските интеграции, го користеше истиот термин „ќе си ја потсвикаме кичмата, ќе си прифатиме тоа што треба, ќе ја омажиме Македонија богато“ и слични ставови. Тоа е преголема цена и има работи за кои што не се преговара, за кои не вреди ништо повеќе од едно заштитено човечко достоинство. кога не успеав со моите ставови да го убедам тогашниот ЦО на СДСМ и на Конгресот, тогаш кажав дека мене местото не ми е во тие редови и дека заминувам. Мојата партиска активност во СДСМ заврши во 2014, рече Бендевска во емисијата „Дејли клик“.

Бендевска во 2021 година стана членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а потоа и претседателка на Комисијата. Бендевска на изборите беше носителка на ЗНАМ во изборната единица 5.

Слични содржини