Наутро студено, преку ден сончево

од Nikola Popovski
7 прегледи

Утрото студено, преку денот претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево и претежно тивко. Температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 5  и 7 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 21  и 23 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.

Слични содржини