Роналдо е најплатениот играч во светот – заработува двојно повеќе од Меси

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Американскиот магазин „Форбс“ објави листа на најскапо платените фудбалери во 2024 година, односно оние кои најмногу заработиле од договорите со клубовите и нивните маркетинг активности. Како и досега, на чело на листата е португалската легенда Кристијано Роналдо.

39-годишниот играч, кој игра за саудиски Ал-Наср, има приход од 220 милиони долари во 2024 година, а дополнителни 65 милиони заработил надвор од теренот. Така Роналдо е лидер на листата со вртоглави 285 милиони долари годишна заработка.

Втор на листата е неговиот долгогодишен ривал и според многумина најдобар фудбалер на сите времиња Лео Меси. Две години помладиот Аргентинец заработува половина помалку. Според договорот со Интер Мајами во американската МЛС добива 60 милиони, а другите активности му носат 75 милиони. Така тој заработува вкупно 135 милиони долари годишно.

Трет на листата е Бразилецот Нејмар иако во 2024 година воопшто не играше фудбал поради тешка повреда. Тој е играч на саудиски Ал-Хилал со кој има договор за 80 милиони долари годишно, а другите примања му се 30 милиони долари.

Десетте најплатени играчи во светот според Форбс:

1. Кристијано Роналдо (Ал-Наср) – 285 милиони долари
2. Лионел Меси (Интер Мајами) – 135 милиони долари
3. Нејмар (Ал-Хилал) – 110 милиони долари
4. Карим Бензема (Ал-Итихад) – 104 милиони долари
5. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 90 милиони долари
6. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 60 милиони долари
7. Винисиус Јуниор (Реал Мадрид) – 55 милиони долари
8. Мохамед Салах (Ливерпул) – 53 милиони долари
9. Садио Мане (Ал-Наср) – 52 милиони долари
10. Кевин Де Бруин (Манчестер Сити) – 39 милиони долари

Слични содржини